Управување со транспорт

Во светот и кај нас постои зголемена побарувачка на чести испораки на мали пратки и достава до точно одредена локација во области со голема населеност и сообраќаен застој. Доставата треба да се направи со најнизок можен трошок со користење на одржлив метод преку повеќе транспортни режими. За оптимизирање на транспортните трошоци се применуваат GS1 стандардите.

Како функционира управувањето со транспорт?

Компаниите што испраќаат продукти, треба да ги делат своите барање за транспортен капацитет со компаниите што го спроведуваат транспортот и обратно. Претходно спомнатите компании се повеќе се потпираат на специјализирани даватели на транспортни услуги кои самите треба да ги синхронизираат сложените транспортни операции.

Комплексноста во оваа проблематика може да се поедностави со користење на GS1 стандардите, односно LIM моделот (Logistic Interoperability Model). Овој модел со имплементирање на GS1 стандардите им помага на сите инволвирани страни во транспортот и доставата да споделуваат информации меѓу себе и така да ги подредуваат своите процеси. GS1 стандардите значително ја поедноставуваат координацијата во транспортот и доставата.

Бенефити од нашите стандарди

  1. Помагаат во менаџирањето со комплексните модели на достава преку користење на различни транспортни режими
  2. Ја подобруваат следливоста за тоа каде се пратките и кога тие ќе пристигнат до дестинацијата
  3. Ја зголемуваат контролата на движење на пратката од контење на палета до индивидуално картонско пакување